Крводарителска акција во Куманово

Од:

Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово „Христијан Тодоровски Карпош“ во соработка со општинската организација на Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина денеска организираа крводарителска акција.

Претставникот на здружението, Борко Стојановски изјави дека на акцијата која се организира во чест на нивниот починат член, Александар Ковачевски се очекува да бидат дарувани близу 50-тина крвни единици. Акцијата се совпаѓа со вчерашниот Меѓународен ден на крводарителството.

– Ковачевски беше еден од организаторите на нашите крводарителски акции и радува присуството и на членови и граѓани кои одлучија да даруваат крв на денешната акција, изјави Стојановски.

Крводарителите кои денеска се приклучија на акцијата апелираа до граѓаните, сите оние кои се здрави да даруваат крв и со тоа да спасат нечиј живот.

Од Институтот за трансфузиона медицина велат дека одѕивот од денешната крводарителска акција е очекуван.

– Оваа е крводарителска акција која се организира помалку од десет години, меѓутоа е редовна во годишниот план и е успешна крводарителска акција. Денеска имаме дарители, поранешни вработени од полицијата, армијата, граѓаните, изјави доктор Елена Ристовска, од Институтот за трансфузиона медицина.

Таа упати апел до редовните крводарители во овој месец да се мобилизираат и да даруваат крв, бидејќи, додаде сега е период на распуст на учениците и студентите, и затоа е пожелно да се дарува крв од страна на дарителите кои се редовни. Институтот за трансфузиона медицина на ниво на Македонија располага со доволно количини на крв од сите крвни групи, но повторно апелираше до редовните крводарители да даруваат крв на акциите.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски