Крводарителска акција во Куманово

Од:

Редовна крводрителска акција, денеска се оддржа во просториите на СВР Куманово. Во акцијата се вклучија вработените во кумановската полиција кои уште еднаш ја докажаа својата хуманост.

– Вкупно, денеска беа дарувани 66 крвни единици, од кои петмина се новопријавени крводарители. Инаку, оваа е втора традиционална краводарителска акција за тековната година, вели Виолета Богдановска од СВР Куманово.

Кумановската полиција традиционално крв дарува три пати годишно на секои четири месеци. Првата се оддржува во февруари, втората во јуни и последната во октомври.
– Секоја година бројката на крводарители е се поголема. Оваа лето имаме најавено четири редовни крводарителски акции од кои дел во јули и дел во август, истакна Лилјана Славковска од трансфузија Куманово.

Крводарителската акција се спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци