Крводарителска акција по повод Денот на општина Илинден

Од:

Во рамки на одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и Денот на општина Илинден – 2 Август, денеска 45 крводарители даруваа крв.

Според организаторот на крводарителската акција, Црвениот крст на Република Македонија, ова е една од досега поуспешните крводарителски акции во општина Илинден поради тоа што се одржува во летниот период кога поголемиот дел од граѓаните се на годишни одмори.

– И овојпат граѓаните на општина Илинден ја покажаа хуманоста и солидарноста преку дарувањето крв за да спасат нечиј живот. Крвта е незаменлив лек, а секоја дадена капка од оваа драгоцена течност некому многу му значи, посочија вработените од Црвениот крст на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собрани 38 единици крв во трите крводарителни акции во Тетовско неделава

Во Битола одбележан македонскиот ден на крводарителите и Црвен Крст на Македонија

Ана Ололовска

Крводарителска акција во УЈП

Ана Ололовска

Во Велес собрани 112 крвни единици во крводарителска акција на МК „Носачи на крстот“

Ана Ололовска

Крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица

Ана Ололовска

Крводарителска акција во чест на загинатиот полицаец Волкановски

Ана Ололовска