Крводарителска акција по повод Денот на АРМ

Од:

Околу 400 крвни единици се собрани досега во крводарителската акција на припадниците на АРМ што се одржува во рамки на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ.

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска во акцијата се приклучија началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и заменик-началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини.

– Со ова сакаме уште еднаш да го покажеме и докажеме хуманитарниот аспект на припадниците на АРМ. Заедно со моите колеги-генералите денеска дадовме крв. Мојата крвна група АБ негатив е многу ретка и тоа беше една плус причина, изјави началникот на ГШ на АРМ, Котески, додавајќи оти АРМ во неколку наврати во текот на годината организира крводарителни акции и така ќе продолжи.

Акцијата за дарување крв што се реализира во соработка со Институтот за трансфузиологија, е дел од големата хуманитарна акција на припадниците на АРМ која веќе се одвива во касарните „Боро Менков“ Куманово и касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, а ќе заврши со доброволното дарување на крв во понеделник на 19 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски