Крвава расправија во Голема Речица

Од:

Вчера попладне околу 17 часот во Тетовската клиничка болница бил донесен 31-годишник од Голема Речица со убодна рана над левиот бут.

Како што се утврдило, раната му ја нанесол негов 21-годишен сожител, со кого претходно се скарал пред една од чајџилниците

Кога расправијата излегла од контрола,21-годишникотпосегнал по ножот и започнал да напаѓа, а два часа подоцна самиот се пријавил во Полициската станица – Тетово.

Таму му бил одземен ножот на расклопување и заедно со облеката на повредениот ќе се вештачат, по што ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.

Повредениот е задржан на лекување и се наоѓа надвор од животна опасност.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Тетовчанец и се закануваше на партнерката: „Дај ми пари, или ќе ти го убијам синот“

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он