Крушево со два случаи на заразени по подолго време, имале контакти со блиски од друг град

Од:

Нема место за паника, се преземаат сите мерки за заштита, велат од крушевската локална самоуправа по констатираните два нови случаја на заразени од коронавирусот по повеќе од еден месец. Ова се први два нови активни случаја по подолго време во Крушево. Со почетокот на пандемијата имаше тројца заболени, од кои еден почина, а двајца се излекувани.

Според епидемиологот Татијана Мургоска-Станимировиќ од Центарот за јавно здравје-Прилеп, двајцата новозаболени се од едно семејство.

– Двајцата имале контакт со нивни блиски од друг град, позитивни на Ковид-19. Изолирани се сите контакти на новозаразените од Крушево, рече Мургоска-Станимировиќ.

Крушевскиот градоначалник Томе Христоски уверува дка нема место за паника, се преземаат сите мерки и апелира да нема јавни собири.

– Општинскиот штаб за заштита и спасување заедно со крушевската полиција и со здравствениот дом во Крушево ги преземаат сите превентивни мерки и активно работат на почитување на препораките и задолженијата дадени од Владата. Ги повикувам сите да се воздржат од јавни настапи на социјалните мрежи кои можат да создадат непотребна паника кај граѓаните. Во овој момент гласот од здравствените власти треба да биде најгласен, порача Христоски.

Локалната самоуправа на Крушево стои на располагање за каква било помош.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“