Крушево промовирано како дестинација за сите 4 сезони

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) ќе го промовира Крушево како 4 сезони дестинација.

Директорот на АППТ, г-дин Љупчо Јаневски и градоначалникот на Крушево, г-дин Томе Христоски на денешниот работен состанок дискутираа за одржливите форми на туризам и развојот на градот во авантуристичка дестинација.

Небото над Крушево оваа година ќе биде рај за параглајдеристите. Најавени се 7 купови во параглајдеризам, додека во 2019 година се очекува одржување на Светско првенство во овој адреналински и екстремен спорт.

Параглајдерство е атрактивен натпреварувачки и рекреативен спорт и воздухопловна гранка, која го привлекува вниманието на туристите. Во контекст на ова, бројот на туристи и остварени ноќевања во Крушево е во постојан пораст.

Пратејќи ги туристичките трендови, АППТ го промовираше Крушево на интернационалните саеми за туризам во Софија, Белград и Берлин, додека во наредниот период ќе се промовира во Загреб и Тирана. АППТ за дестинацијата изработи промотивен материјал во кој се презентирани сите знаменитости на Крушево, вклучително можности за зимски туризам кој ги нуди градот, како и историјата, културата и уникатната архитектура. Несомнена е гостопримливоста на локалното насаеление и специфичните гастрономски специјалитети. Градот е единствен и во традицијата на практикување на стари занаети.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски