Крушевчани ја пречекаа коњаницата

Од:

Со топла погача и чаша црвено вино, крушевчани синоќа ја пречекаа коњаницата која го измина долгиот пат да стигне во Крушево пред големиот празник Илинден.

Силниот дожд не ги спречи ниту коњаниците, ниту крушевчани да си посакаат добредојде во центарот на градот кај Столбот на Крушевската Република и со тоа продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски им посака добредојде на учесниците во коњаницата кои пристигнаа од неколку правци од државата. Предводникот на коњаниците Гоце Бозо повика на сплотеност за празникот.

Коњаниците вечер ќе бидат дел од свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на платото на Гумење кога ќе биде развиорен бајракот на Крушевската Република, се до 10 август додека ќе трае манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он