Крушевчани ја пречекаа коњаницата

Од:

Со топла погача и чаша црвено вино, крушевчани синоќа ја пречекаа коњаницата која го измина долгиот пат да стигне во Крушево пред големиот празник Илинден.

Силниот дожд не ги спречи ниту коњаниците, ниту крушевчани да си посакаат добредојде во центарот на градот кај Столбот на Крушевската Република и со тоа продолжи 40-годишната традиција на Илинденскиот марш.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски им посака добредојде на учесниците во коњаницата кои пристигнаа од неколку правци од државата. Предводникот на коњаниците Гоце Бозо повика на сплотеност за празникот.

Коњаниците вечер ќе бидат дел од свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на платото на Гумење кога ќе биде развиорен бајракот на Крушевската Република, се до 10 август додека ќе трае манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Притвор за крушевчанец – две години ја демнеше поранешната сопруга

А1он

Христоски: Kрушево е модерен град, гордост и симбол на Македонија

Горан Наумовски

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар