Крстот во Велес го фати Горан Иванов

Од:

Четириесет и седумгодишниот  Горан Иванов од населбата Превалец  имаше среќа прв да стигне до крстот фрлен од Малото мовче на реката Вардар во Велес.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројното свештенство на Мало Мовче  го одржа чинот на водосвет, по што го фрли крстот во водите на реката Вардар.

Од 108 пријавени православни верници најмногу среќа годинава имаше Горан Иванов од велешката населба Превалец, вработен во ЈКП „Дервен“.

Тој рече дека 25 години се фрла во Вардар по крстот, но првпат го фаќа, што значи дека упорноста му се исплатела.

Оваа година, како што вели Иванов очекува среќа, здравје, бериќет, а тоа им го посакува и на сите православни верници.

Од Повардарската Епархија Иванов на подарок доби златен крст со посвета и Библија, од Општина Велеас цд плеер, од ЈКП „Дервен“-телевозор, како и многу други подароци.

По традиција во наредниот месец Иванов со светиот крст и икона  за здравје и среќа ќе ги посети домовите на православните верници во Велес и велешко.

Би можело да ве интересира

Петгодишно дете од Велес е повредено во сообраќајка, итно е пренесено на скопските Клиники

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега