Крстевски: Парламентарците покажаа елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани

Од:

Вршителот на должност градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски упати реакција во која како скандалозна ја оценува изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда не почитта кон настраданите во трагедијата во Кочани и не работата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан.

– Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија, реагира Крстевски.

В.д градоначалникот смета дека Собранието на РС Македонија со ништо не им помогнало на настраданите и повредените во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не забораваат дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“