На автопатот Гостивар-Тетово на потегот, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, утре ќе се изведуваат градежни работи за крпење на ударните дупки, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.