Кризниот штаб на Град Скопје ја следи состојбата со врнежите

Од:

По најавите за поголеми врнежи на дожд, изминатово деноноќие екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, заедно со тимови на јавните градски претпријатија внимателно ја следеа состојбата поради опасност од поплави, пред се на т.н. “црни точки” на неколку локации и подвозници во градот.

Од Град Скопје, информираат дека, иако вчерашните врнежи во Скопје беа обилни и, според УХМ, изнесуваат 71 литри на метар квадратен, на терен на ниту една локација немаше појава на поплавување.

И во наредниов период, се наведува во соопштението, Штабот на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира.

По големите дождови и поплави коишто се случија на територијата на Скопје минатата година, Градот во соработка со ЈП “Водовод и канализација” започна голем проект за отстранување на т.н. “црни точки”, каде редовно по поголемите врнежи дожд се случуваа поплави, преку зголемување на капацитетите на постоечката и изградба на дополнителна атмосферска канализација.

Градот Скопје и екипите на ЈП „Водовод и канализација” во изминатиов период ја подобрија атмосферската канализација на надвозникот на булеварот „Гоце Делчев“ (под Стоковната куќа „Мост“), на подвозниците на булеварот „Киро Глигоров“ (кај објектот на „Бриколаж“), кај подвозникот на улицата „Павел Шатев“, на улуцата „Финска“. Во моментов се интервенира и во Ченто каде што со реконструкцијата и проширувањето на улицата „Маџари“ се поставува и нова атмосферска канализација, а се интервенира и на улицата „Боца Иванова” во Бутел, каде се гради нова атмосферска канализација за да се надминат поплавите кај подвозникот.

Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на сите 10 критични места е околу 2 милиони евра, потсетуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ