Кривопаланчанец измамен за 35.000 евра

Од:

Четириесетгодишна кумановка измамила кривопаланчанец дека ќе му купи камион за да вршат заеднички транспорт во земјите на Европска Унија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Во текот на 2014 година, пријавената со лажно ветување го довела во заблуда Р.Н. (43) од Крива Паланка дека ќе му купи камион и ќе го регистрира на име на нејзината фирма во Република Бугарија, а потоа ќе вршат транспорт во земјите на Европска Унија, за што тој во повеќе наврати и дал вкупно 35.800 евра. Откако купила камион, пријавената не го пренела на име на Р.Н., ниту пак му ги вратила парите, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он