Кривични пријави за жители на Жупа за насилство и за напад на полицаец

Од:

Четворица жители на општина Центар Жупа добија кривични пријави бидејќи откако имале меѓусебна физичка пресметка, нападнале и полицајци при службено постапување.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,насилство“ и „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“, Одделението за внатрешни рабори од Дебар поднесе кривична пријава против четворица жители на општина Центар Жупа. Станува збор за Ф.А.(37) од селото Житинени, А.А.(39) од селото Голем Папрадник, како и С.Ф.(27) и Д.Ф.(50) и двајцата од селото Мал Папрадник, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Како што посочи, на 28 декември минатата година во Центар Жупа, прво и второпријавените, физички ги нападнале третопријавениот и неговата сопруга, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.

Покрај тоа, додаде Димоски, тие физички нападнале полицски службеник кој се обидел,во рамки на неговите овластувања, да преземе соодветни службени дејствија.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он