А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични пријави за татко и син од Штип за одгледување канабис

by А1он13/08/2015 - 13:01133
Share0

СВР  Куманово поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово  против С.Ѓ.(59) и неговиот син Т.Ѓ (37) од Штип осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР, по претходно добиено оперативно сознание дека Т.Ѓ (37) одгледува насади од канабис сатива во кратовското село Татомир, полицијата од Кратово извесен период  преземала мерки и вчера рано наутро на самото место го лишила од слобода неговиот татко С.Ѓ, кој дошол за да ги полие насадите, и С.С (48) – таксист од Штип кого С.Ѓ го ангажирал трипати во неделата да го вози од Штип до селото Татомир.

Увидната екипа на СВР Куманово на местото нашла и запленети вкупно 71 насад канабис сатива во големина од 1 метар до 2,3 метри  кои се  откорнати и  со потврда се одземени заедно со пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на растенијата и шприцеви.

– По наредби на Основен суд Штип е извршен претрес во домовите и помошните простории на С.Ѓ и Т.Ѓ, при што од домот на Т.Ѓ со потврда се одземени: најлонска ќеса со непозната растителна зелена материја, семе од непозната растителна материја, луле со дробалка, четири пакувања со ризли, дигитална вага, дурбин, ловечки патрон, два куршума 7,62 мм и куршум за гасен пиштол. Во останатите простории се пронајдени и одземени: три засадени стебла со должина од 145 см, 185 см и 190 см, девет грама растителна материја, 15 стари метални монети, а во лозјето, сопственост на пријавените, се пронајдени и одземени две засадени стебла канабис во должина од 90 см и 100 см, информира МВР.

Следете a1on на Youtube YouTube

На С.Ѓ по спроведена постапка од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а Т.Ѓ не е приведен зашто извесен период престојува во Германија или во Белгија.

mvr

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Катерина Ѓуровски30/10/2026 - 10:30

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он28/10/2026 - 17:3828/10/2026 - 17:52

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он28/10/2026 - 15:37

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски27/10/2026 - 13:46

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Катерина Ѓуровски22/10/2026 - 10:07

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он19/10/2026 - 20:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео