Кривични пријави за струмичани и радовишани за сторени 14 кривични дела

Од:

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство во Радовиш, поднесе кривична пријава против С.Р. (26) од Радовиш, В.Ј. (23) од Радовиш, А.С. (40) од село Старо Балдовци, Струмичко, А.Ш. (24) од Радовиш и А.Ф. од село Старо Балдовци, Струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сториле 14 кривични дела, сопштија денеска од струмичката полиција.

Пријавените ги извршиле кривичните дела во периодот од февруари до јули оваа година на подрачјето на Радовиш, во селото Тополница, на место викано „Калкан Чешма“ на планината Плачковица и на место викано „Гладно Поле“, атар на Радовиш.

– Пријавените С.Р. и В.Ј. заедно сториле едно кривично дело „кражба“, првопријавениот сам сторил две кривични дела „одземање моторно воизило„ и едно кривично дело „кражба„ Пријавените С.Р. В.Ј. и А.С. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба„ и четири кривични дела „тешка кражба„ Пријавените А.С. и А.Ш. заедно сториле две кривични дела „тешка кражба„. Пријавениот А.С. сам сторил едно кривично дело „кражба„. Пријавениот А.Ф. сторил кривично дело „прикиривање„ а во врска кривично дело „одземање на моторно возило“, стои во соопштението на СВР Струмица.

Полицијата проценува дека со извршените кривични дела пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 188.000 денари.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он