Кривични пријави за петмина охриѓани поради тепачка и нанесување телесни повреди

Од:

Охридската полиција поднесе кривична пријава против неколку лица од Охрид поради учество во тепачка во која било употребено и ладно оружје, со нанесени телесни повреди.

Станува збор за лица 22-годишниот А.А. од Охрид, приведен поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“. Со кривичната пријава се опфатени уште и лицата Н.Б. (23)  Д.Н. (22) Ѓ.Б. (20) и А.Л. (25) сите од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка“. На сите пријавени од страна на истражен судија при Основниот суд во Охрид им е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Тепачката се случила на 6 мај околу 3 часот на пешачката патека меѓу ноќните клубови „Кадмо“ и „Куба Либре“ во близина на Охрид. На инцидентот му претходела  расправија меѓу две лица во во ноќниот клуб „Кадмо“, по што пријавените биле отстранети од клубот.

При повторна средба на патеката пред клубот, расправијата прераснала во тепачка. Притоа првопријавениот А.А. со нож му нанел повреда во стомакот на М.Р. од Охрид по што замавнал кон С.С. од Охрид повредувајќи го во десната подлактица. По нападот со нож, А.А. побегнал од местото на настанот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи