Кривични пријави за осум лица за продажба на фалсификувана стока преку Фејсбук

Од:

Секторот за внатрешни работи – Струмица, до Основното јавно обвинителство поднесе четири кривични пријави против осум лица поради постоење основано сомнение дека И.Г.(27), С.Г.(23), С.С.(24) и Г.К.(19) од Струмица и Л.А.(25) од Скопје сториле кривични дела “прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и “повреда на авторско право и сродни права“, а Т.Б.(18), Ј.Д.(21) и И.Ј.(27), сите од Струмица поради сомнение дека исто така сториле кривично дело „повреда на авторско право и сродни права“.

Како што соопшти МВР, во текот на 2014 година и почетокот на 2015 година пријавените преку изработени страни на социјалната мрежа “Фејсбук“ вршеле продажба на спортска опрема, патики и тренерки од брендовите “Адидас“, “Најк“, “Валентино“, “Армани Џинс“, “Илевен“, “Ла Коста“ и “Пума“ која спортска опрема била неоригинална. Освен на спортската опрема вршеле и продажба на неоригинални парфеми од брендовите “Пако Рабан“, “Каролина Херера“, “Армани“, “Долче и Габана” и “Булгари“ на тој начин што заинтересираните лица за купување измамени дека опремата и парфемите се оригинални, преку пораки на страниците на “Фејсбук“, ги оставале нивните лични податоци и големинскиот број на патики или тренерки, како и податоци за парфемот кој сакаат да го купат. Потоа пријавените преку курири за достава на поштенски пратки ги доставувале бараните производи до домовите на купувачите на подрачјето на државата.

Од страна на полициските службеници од СВР Струмица по претходно добиени наредби од Судија на претходна постапка бил извршен претрес во домовите и помошни простории на пријавените лица при што биле пронајдени и со Потврда за привремено одземени предмети, одземени се поголема количина спортска опрема и парфеми, компјутери, мобилни телефони, пари, картонска амбалажа од обувки како и документација од испраќани пратки.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он