Кривични пријави за „обљуба врз немоќно лице“ во Македонски Брод

Од:

Полициската станица во Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против Е.М.(58) од Кичево и З.О.(49) од Македонски Брод, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „обљуба врз немоќно лице”. Истражен судија на  пријавените им изрече 30 дневен притвор.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека првоосомничениот, прв братучед на оштетената С.Ѓ.(35), ја искористувал  сексуално во повеќе наврати во изминативе години искористувајќи ја тешката ментална и психичка состојба во која се наоѓа оштетената со уцени, закани и притисоци дека ќе ја избрка од нејзината куќа.

Второосомничениот, нејзин комшија, исто така, знаејќи  ја тешката ментална и психичка состојба на оштетената, постојано ја злоставувал сексуално.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он