Кривични пријави за крадец од Гостивар, дел од предметите вратени на сопствениците

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар расчисти 20 кражби извршени во Гостивар и до Основното јавно обвинителство во тој град поднесе три кривични пријави против 35-годишен гостиварец поради основи на сомнение дека сторил 16 тешки кражби и четири кражби.

Од МВР соопштија дека лицето се сомничи дека во периодот од февруари до октомври годинава со употреба на сила влегувал во куќи и моторни возила во Гостивар, од кои одземал разни предмети: телевизори, работни машини, разновиден алат…

Најголемиот број од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес