Кривични пријави за Капушевски и Јахоски за перење пари: одземена документација, муниција, возила

Од:

Покрај Ратко Капушевски сопственик на „РКМ Енерџи“ и Асмир Јахоски сопственик на „Пуцко Петрол“, во акцијата на МВР и на Обвинителството за организиран криминал се приведени уште деветмина, еден од осомничените е во бегство, а еден е со мерка притвор. При претресите, полицијата одзела документација, 1500 парчиња муниција, возила и два пиштоли.

– На 10.03.2025 спроведена е полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што врз основа на обезбедени наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати. Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор. До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила, извести МВР.

Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол тежок 167 милиони евра

Предраг Петровиќ

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

(ВИДЕО) Стојаноски: Зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ

„Пуцко петрол“: Не сме доставувале мазут до ЕСМ

Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски

Катерина Ѓуровски