Кривични пријави за двајца тинејџери за кражби од автомобили

Од:

СВР Скопје понесе кривични пријави против А.В. (18) од Кавадарци и Р.М. (17) од Скопје под сомнение дека извршиле 11 кривични дела во серија.

Двајцата тинејџери се товарат дека извршиле четири тешки кражби во патнички моторни возила, пет обиди за кражба од моторни возила и две кражби на велосипеди, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 110.500 денари, а предизвикале и материјална штета.

Пријавените ги извршиле кривичните дела на 29. мај годинава во периодот од 04.00 до 06.30 часот во гаражите од зграда на ул. „Димче Мирчев“ бр. 20. Со употреба на соодветен алат, насилно влегле внатре и отвориле вкупно девет возила, додека пребарување извршиле во внатрешноста од пет возила при што пронашле и одзеле околу 500 денари, една кошула, очила, навигациски уред, мобилен телефон и други предмети. Покрај предметите од возилата, пријавените од гаражата одзеле и два велосипеди.

Од страна на полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Центар и Бит Пазар преземени се сеопфатени оперативни мерки и активности. На 17. јуни, од страна на полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенции – Алфа, лишен е од слобода првопријавениот А.В., со кој е извршен службен разговор во кој истиот го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција со Одделенијата, презема дополнителни мерки и активности во насока на расчистување на други кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила извршени на подрачјето на град Скопје во затворени паркинг простори и на други локации, по што ќе бидат доставени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски