Кривични пријави за двајца тетовци осомничени за тешки кражби

Од:

Секторот за внатрешни работи во Тетово денеска поднесе кривични пријави против тетовците Е.А.(21)  и Р.Х.(25) осомничени дека се сторители на вкупно 8 тешки кражби, при што е причинета материјална штета од околу 120 илајди денари, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првопријавениот Е.А., појасни Јосифовски, е осомничен  дека во периодот од декември минатата и јануари оваа година сам извршил  шест кражби во моторни возила паркирани на различни места во Тетово, додека заедно со второпријавениот Р.Х. се осомничени за една тешка кражаба и за тешка кражба во обид од куќи во Тетово.

– Кражбите во возилата Е.А. ги вршел откако претходно ќе ги  искршел стаклата и влегувал  внатре и од  возилата одземал музичка опрема, кожна галантерија, наочари за сонце и друго причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на близу 80 илјади денари. Двајцата заедно се сомничат и дека извршиле и една тешка кражба и една тешка кражба во обид во куќи во Тетово во кои одзеле различни видови производи во вредност од над 40 илјади денари, изјави Јосифовски.

Според информациите на Јосифовски првопријавениот Е.А подолго време им е познат  на службите на СВР-Тетово како вклучен во извршување на  вакви кривични дела за што и  неколку пати бил  пријавуван.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он