Кривични пријави за двајца стружани за нелегално градење

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта.

Пријавениот С.И., како што соопшти СВР Охрид, нелегално, односно без одобрение почнал со градба на ограда со должина од 6,90 метри и висина од 0,35 метри на катарстарска парцела 595 во селото Подгорци. Второпријавениот А.Е., според соопштението, со нелегална градба отпочнал на катарстарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55 метри +24 метри, а на површина од 1.281 метри квадратни.

Од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено е решение за отстранување на нелегалните градби.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он