Кривични пријави за двајца малолетници што запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“

Од:

Кривична пријава ќе биде поднесена против двајца 17-годишници од Скопје осомничени дека на 15 август околу 02:40 часот запалиле палма пред клиниката „Жан Митрев“ во Скопје.

Како што соопшти полицијата во дневниот билтен, тие се товарат за кривично дело „Предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Покрај нив, во инцидентот учествувало и трето лице, 18-годишен жител на Гостивар, кој управувал патничко моторно возило „голф 4″ со кое пристигнале на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека тројцата биле повикани на разговор на 16 август во полициската станица Кисела Вода, а кривичните пријави ќе бидат поднесени во консултација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он