Кривични пријави за дебраните кои се истепаа во слаткарница во Центар Жупа

Од:

Дебарското одделението за внатрешни работи поднесе кривични пријави против четворица дебрани, кои предизвикале тепачка пред слаткарница во Центар Жупа, седиштето на општината.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.А.(30), Б.К.(30), З.А.(35), Ш.Л.(26), сите од Дебар. Тие, на 18 месецов околу 22:00 часот, пред слаткара во Центар Жупа, го нарушиле јавниот ред и мир и користејќи тврди предмети и физички ги нападнале О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како што тогаш тврдеа очевидци, станува збор за иселеници кои живеат и работат во Италија, моментно се на одмор во родниот крај, а причина била нерасчистени сметки од онаму каде што живат и работат.

И од полицијата тврдат дека не точни се информациите во дел на медумите каде се наведува дека станува збор за тепачка во чајџилница во Дебар и слаткарница во Центар Жупа, но причината дека била непоседување сертификат за вакциниција против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка