Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривични пријави против двајца дебрани, едниот за спречување службено лице во вршење службено дејствие, а другиот за прекршување на полицискиот час.
– Против Г.Р.(38) од Дебар, кривична пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. Тој, на втори овој месец околу 10.30 часот, се однесувал агресивно кон вработен во управните служби во Дебар, барајќи да му бидат извршени исправки во сообраќајните документи и личната карта, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Додава дека втората кривична пријава е поднесена против Е.Г.(23) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-При контрола извршена на 17 овој месец во 2:15 часот, пријавениот е затекнат при управување на моторно возило во време на полициски час без да поседува дозвола за движење од надлежен орган, посочува Димоски.
Од воведувањето на полицскиот час, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, регистрирани се четири прекршувања на забраната за движење, која трае од 22:00 до пет часот наутро.