Кривични пријави за дебранец и правно лице за непочитување здравствени прописи за време на пандемија

Од:

Дебарското одделение за внатрешни работи против Е.С.(20) од Дебар и правно лице со седиште во градот поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и непостапување според здравствени прописи за врема на епидемија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него при контрола извршена на 9-ти минатиот месец полициски службеници и овластени лица од Државниот пазарен инспекторат констатирале дека Е.С. како одговорно лице свесно дозволил работа на објект за угостителска дејност после 18 часот, каде биле затекнати осум гости.

-Исто така таблата со натпис на фирмата, неовластено била преместена и поставена на различна локација од постојната, внесена во Централниот регистар. Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за работа на угостителските објекти и другите мерки за заштита на населението од заразната болест Ковид -19, додаде Димоски.

Повикувајќи се на статистичките податоци во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР – Дебар полциските службеници констатирале осум прекршоци за неносење лична заштита на лицето,за што се здадени прекршочни платни налози.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он