Кривични пријави за четири лица кои украле поголема количина оружје и муниција

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.З. (27) поради сомнение за сторени три кривични дела (две – “тешка кражба“ и едно кривично дело – “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“), потоа против А.Ј. (23) и А.Б. (25), осомничени за две кривични дела – едно “тешка кражба“ и едно кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Исто така поднесена е кривична пријава и против Б.Ј. (57) поради сомнение за сторено кривично дело “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“.

Со извршувањето на овие кривични дела сторителите се здобиле со противправна имотна корист од околу 4.800.000 денари.

Имено, според документираните сознанија од истрагата, првото кривично дело пријавениот Б.З. со уште четири лица го извршил во периодот меѓу 11.11.2017 и 13.11.2017 година во продавница за ловна опрема и пиротехнички материјали лоцирана на ул.Васил Ѓоргов, од каде што одзеле 52 пиштоли и револвери од разни марки и калибри и три гасни пиштоли.

Второто кривично дело Б.З. го сторил зедно со пријавените А.Ј. и А.Б. на 09.12.2017 година во период од 00,15 до 03,15 часот во продавница за оружје и пиротехнички материјали лоцирана на ул.Кеј 13-ти Ноември во Скопје, од каде што одзеле 19 парчиња пиштоли од разни марки, девет пушки од разни марки, од кои пет ловечки, три малокалибарски и една воздушна пушка. Пријавените со одземените предмети со возило марка “Ауди караван“, управувано од А.Б. го напуштиле местото на настанот.

По претходно добиена судска наредба извршен е претрес на дом и други простории кај пријавените лица, при што кај второпријавениот А.Ј. е пронајдена поголема количина на оружје и муниција, како и во домот на четвртопријавениот Б.Ј Исто така, извршен е претрес на угостителски објект (сопственост на А.Ј.) каде што се пронајдени поголема количина на оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција