Кривични пријави за битолчани кои нападнале сириски државјани

Од:

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.У.(46) од Битола, В.А(22) и Е.А.(19) од битолското село Велушина поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Пријавените на 20-ти февруари околу 19:30 часот на патот помеѓу селата Барешани и Олевени, во близина на Битола, пресретнале четворица сириски државјани, на кои им одзеле мобилни телефони, документи и 900 евра. Веднаш потоа започнале да ги удираат со клоци, тупаници, дрвен стап и метална цевка и откако ги претепале го напуштиле лице местото.

– Еден од сириските државјани пријави во полициската станица во Битола, од каде беа превземени мерки и активности и лицата се пронајдени и приведени. Од судија во претходна постапка на пријавените им е одреден притвор во траење до 30 дена, истакна Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он