А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривични пријави против тројца скопјани за пет тешки кражби

by А1он22/04/2018 - 12:17118
Share0

Секторот за внатрешни работи Скопје Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј. (35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно непознато лице поради основано сомнение за сторени пет кривични дела „тешки кражби“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира МВР, во периодот од 24 септември лани до 13 април годинава пријавените извршиле три тешки кражби и две кражби во обид на бензиски пумпи, маркети и аптека. Со употреба на физичка сила и алат ги отворале влезните врати и одзеле сеф во кој имало 256.346 денари и поголема количина на цигари.

Еден од сторителите, односно Д.Ј. бил во бегство од Казнено поправната установа Куманово од 2015 година. Тој на 15 месецов околу 8 часот во кафе бар во Скопје бил лишен од слобода и предаден во Казнено-поправната установа во Куманово на доиздржување казна затвор до 2019 година.

Полицијата, истиот ден во Скопје, на улицата „Благоја Стефковски“ при претрес во домот на второ и третопријавениот, пронашла и одземала предмети од извршените кривични дела, по што и тие биле лишени од слобода. Второпријавениот Ш.Е. бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување казна затвор од осум години и 11 месеци.

Следете a1on на Youtube YouTube
skopje

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

Горан Наумовски26/08/2026 - 12:09

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски21/08/2026 - 12:2921/08/2026 - 14:57

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски19/08/2026 - 13:3419/08/2026 - 14:40

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Горан Наумовски18/08/2026 - 14:58

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Предраг Петровиќ13/08/2026 - 20:20

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Горан Наумовски09/08/2026 - 16:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео