Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Од:

Управата за финансиска полиција, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка, до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против пет физички и едно правно лице поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела.

Според образложението на Управата за финансиска полиција, тие сториле даночно затајување, фалсификување или уништување деловни книги, намерно предизвикување стечај, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службена положба и овластување, злоупотреба на постапка за стечај и даночна измама.

Од Управата за финансиска полиција информираат дека пријавените предизвикале штета на државниот Буџет во вкупен износ од 19.447.640 денари.

Би можело да ве интересира

Финасиска полиција ќе ја испитува набавката на горива за ЈСП

Катерина Ѓуровски

Со лажни испратници за стари акумулатори наплатиле 350.000 евра

Катерина Ѓуровски

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени

Финансиската полиција поднесе кривични пријава против претседател на Управен одбор и три службени лица

Управата за финансиска полиција со кривична против две физички и две правни лица за даночно затајување и фалсификување деловни книги

Ана Ололовска

Финансова полиција: Бизнисмен заработи кривична за затајување данок од 73.000 евра