Кривични пријави против матичар и жена од Скопје што го поттикнала да ја злоупотреби службената положба

Од:

До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против Т.Х.(43) од Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, и В.Т.(55) од Скопје, осомничена за кривично дело „потикнување“.

Како што информира МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице – матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т., ја злоупотребил својата службена положба и овластување и постапил спротивно на процедурата за пријавување починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.

-Тој од второпријавената не ја обезбедил соодветната потребна документација за впишување смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со нецелосна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако таа е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои В.Т. на незаконит начин ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца, соопшти МВР.

Кривичните пријави против двете лица ги поднесе Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична