Кривични пријави против две лица за злоупотреба на службената положба

Од:

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица за злоупотреба на службена положба и противправно стекнување имотна корист.

Кривични пријави до Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени против Л.П., претседател на Институтот на сметководители и овластени сметководители и С.М. во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница Национален комитет на Интернационална стопанска комора во Република Македонија Скопје (ИСК Македонија).

Л.П. искористувајќи ја својата службена положба како претседател на Институтот, потпомогната од второпријавениот С.М., во својство на овластено лице во Стопанската интересна заедница со цел да се стекна со противправна имотна корист за себе и за други физички лица на 2 јануари 2017 година склучила Договор број 0307/001 со ИСК Македонија, врз основа на кој Договор во повеќе наврати од банкарската сметка на Институтот префрлила парични средства на сметката на ИСК Македонија, по основ на фактури, во вкупен износ од 9.777.300,00 денари.

Паричните средства потоа се исплатувале како надомест на поголем број физички лица, сите членови на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители, без истите лица да извршат какви било услуги за потребите на комисиите формирани при Институтот за сметководители и овластени сметководители.

На овој начин во текот на 2017 година, од страна на ИСК Македонија, исплатени се вкупно 7.994.00,00 денари, на поголем број физички лица, на име надомест за подготовка на обуки, надомест за консултанти ангажирани за експертиза од областа на даноците и сметководството, како и презентациски способности, за кој износ пријавените го оштетиле Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Пријавените договорат за експертиза го склучиле на подолг временски период, односно до 2021 година, сметајќи дека интересот за посетување на обуки од страна на сметководителите е голем и задолжителен и со тоа постојано ќе можат да се црпат средства од Институтот и истите ќе се префрлаат на сметките на експертите кои ниту подготвувале, ниту консултирале ниту презентирале каков било вид на обуки за сметководители.

Би можело да ве интересира

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он