Кривични пријави од ДИК за партиите на Јанко Бачев и Бранко Јаневски

Од:

Државната изборна комисија до Основното јавно обвинителство поднела неколку кривични пријави против политичките партии СДПМ и НДМ, дознава А1он.

Кривичните пријави се поднесени за фалсификување исправи. Партиите на Јанко Бачев и Бранко Јаневски за предвремените парламентарни избори на 11.12.2016 година поднеле лажни исправи – изјави за прифаќање на кандидатура и изјави за припадност на заедниците.

Против политичката партија НДМ, заради кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.4 в.в. ст. 1 од КЗ, против Јанко Бачев како овластено лице на Народно движење на Македонија – НДМ и Злате Војноски како овластен преставник на подносителот на листа Народно движење на Македонија, за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Р. Македонија за изборите одржани на 11.12.2016 година, за кривично дело Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Кај 33 кандидати потписите од лична карта (доставени во копија) не соодејствуваат со потписите во изјавите за прифаќање на кандидатурите и со потписите во изјавите за припадност на заедница.

Против политичката партија СДПМ, за кривично дело Фалсификување исправа од чл.378 ст.4 в.в. ст. 1 од КЗ, против Бранко Јаневски како овластено лице на Социјал Демократска Партија на Република Македонија – СДПМ и Тања Петровска како овластен преставник на подносителот на листа Социјал Демократска Партија на Република Македонија, за предлагање на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Р. Македонија за изборите одржани на 11.12.2016 година, за кривично дело Фалсификување исправа според член 378 став 1 од Кривичниот законик на Р. Македонија.

Кај 27 кандидати потписите од лична карта (доставени во копија) не соодејствуваат со потписите во изјавите за прифаќање на кандидатурите и со потписите во изјавите за припадност на заедница.

Би можело да ве интересира

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

18 кандидати за градоначалник на Скопје, 20 листи за членови на Советот

Катерина Ѓуровски

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје