Кривична за жител на Трпејца, со фалсификат елаборат изградил објект во Националниот парк „Галичица“

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против жител на Трпејца затоа што со фалсификат геодетски елаборат изградил куќа во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“.

Според информациите на МВР, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 76-годишниот Н.Л. од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнените дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невевистинита содржина“, како и против 53-годишниот В.К. од Охрид поради сторено казнено дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Првопријавениот, во период од август-декември 2020 година, на катарстарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпејчко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрени за градба изградил индивидуален објект и како доказ употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична