Кривична за вевчанец, градел куќа на јавен пат

Од:

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Р.П.(57) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

СВР Охрид соопшти дека пријавениот почнал да гради  куќа во Вевчани, што според увидот од градежен инспектор,  покрај на приватно земјиште, се изведувала и на јавен пат, односно државно земјиште.

– Овластениот градежен инспектор при општина Вевчани во мај годинава, затекнал објект во фаза на изведени ископани темели, армирани и бетонирани по што било изготвено решение за прекин на градбата. Во текот на јуни, градежната инспекција повторно извршила увид и констатирала изградена бетонска армирана плоча, арматурно бетонски столбови и греди и ѕидови од керамички блокови изградени на приземје, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

За извршениот увид и констатираните состојби, според него, градежниот инспектор оформил решение за остранување на градбата и дополнително издал заклучок со кој од инвеститорот бара градбата да ја острани и да ја доведе во првобитната состојба. Истиот ден, појасни Димоски, во врска со констатацијата дека дел од објектот се гради и врз јавен пат земјиште сопственост на Република Македонија, инспекторот издал решение со кое се задолжува инвеститотор да го стави во првобитна состојба јавниот пат кој е узурпиран со градбата.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ