Кривична за „Узурпација на недвижности“ на 28-годишен стружанец

Од:

Поради постоење на основи на сомнение за сторени казнени дела „Узурпација на недвижности“ и „Бесправна градба“ криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 28 годишен жител на струшкото село Велешта.

Пријавениот, во текот на оваа и минатата година, на плажата „Блу Скај“ во Струга неовластено изградил ресторан како и вкупно тринаесет бетонски бунгалови. Тоа го направил иако овие објекти не биле предвидени во техничката документација и без одобрение од Министерството за транспорт и врски и од општината Струга. Бунгаловите ги изградил на државно земјиште без договор за негово користење.

Во април 2010 година, пријавениот склучил договор со министерството за транспорт и врски за краткотраен закуп од две години на плажа во Струга. Според договорот тој како концесионер односно закупец на плажата, имал обврска земјиштето да го уреди како плажа од отворен карактер со поста- вување отворен сервисен пункт со шанк, со кабина за музика, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви а наткриениот простор на сервисниот пункт да го изведе од дрво, метал, пресована слама во комбинација со други современи материјали. Наместо тоа, пријавениот на плажата без одобрение изградил објекти од тврда градба од затворен тип, информираат од СВР Охрид.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски