Кривична за тетовец и велешанка за уцена

Од:

Тетовец и велешанка заработија кривична пријава за уцена на жена од село Петралинци доколку не им даде 300 евра дека ќе испрателе интимни фотографии со неа на нејзиниот сопруг.

Како што соопштија од МВР, полицијата во Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Л. (36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ и против Б.Г. (40) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривичното дело – „уцена“. Во текот на јули 2017 година, првопријавениот ја уценувал Н.П. од село Петралинци, дека доколу не изврши уплата од 300 евра на негова сметка, истиот ќе ги испрател интимните фотографии од неа на нејзиниот сопруг. И второпријавената, од нејзиниот телефонски број, испратила пораки со уценувачка содржина на Н.П., а во врска со уцената која и ја упатил првпријавениот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он