Кривична за стружанец за загрозување безбедност на полицаец

Од:

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.Ќ.(24) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службени дејствија“.

Според СВР Охрид, пријавениот на 23 октомври на регионалниот пат Струга – Дебар бил забележан како со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки превезува огревно дрво.

– При контрола и преглед на возилото, патролата на Шумската полиција констатирала дека приколката од камионот била натоварена со осум метри кубни огревно дрво, за кое Б.Ќ. не поседувал соодветна документација, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По констатирањето на прекршокот, додаде, Б.Ќ. побарал шумските полицајци да не му пишуваат пријава и да го пуштат да си замине.

– Откако барањето му било одбиено, пријавениот го стартувал возилото и директно загрозувајќи ја безбедноста на еден од шумските полицајци кој бил пред товарниот камиот, успеал да избега, упатувајќи се према селото Велешта, информира Димоски.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга