А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична за скопјанец кој предизвикал пожар во Зрзе

by А1он15/08/2017 - 13:3298
Share0

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против 58-годишниот скопјанец Т.В. за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Добивај вести на вибер

Како што информира МВР, пријавениот на 12 август околу 15.30 часот во село Зрзе во алкохолизирана состојба собрал поголема количина хартиени вреќи и стара хартија и отишол во соседното дворно место сопственост на М.С. од село Зрзе каде со запалка ја запалил хартијата. Потоа во огнот почнал да фрла стари ќебиња и волнени јамболии кои сакал да ги изгори.

Пријавениот потоа заминал со намера да земе уште стари работи за горење, оставајќи го огнот без надзор. Но кога по кратко време се вратил, забележал дека огнот се проширил и настанал голем пожар кој зафатил површина од околу 500 метри сува трева во дворното место на М.С., но и во неговиот двор. Пожарот го забележале соседите кои веднаш дошле и набргу пожарот бил локализиран.

skopjezrze

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен