МВР поднесе крвична пријава против 31-годишен скопјанец, од село Глумово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Пријавениот најпрвин вербално омаловажувал полициски службеници, а потоа, како што информираат од МВР, извршил и физички напад врз полицискиот службеник кој го легитимирал.