Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

Од:

СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул. „Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвика пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвика материјална штета од 200.000 денари.

На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го призна делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен Кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Изгореа пет возила во скопското село Батинци

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…