Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

Од:

По повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведена е координирана полициска акција, во која е сузбиена 21-члена организирана криминална група, составена од 20 лица од Прилеп и едно лице од Скопје, кои подолг временски период вршеле кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и економски криминал, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата е спроведена во текот на вчерашниот дел од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Управата за финансиско разузнавање и Одделот за специјални полициски операции, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Постапувајќи по судски наредби, извршени се претреси кај 31 лице, на вкупно 36 локации, од кои 33 на подрачје на Прилеп, две на подрачје на Скопје и една на подрачје на Струга. Притоа, од слобода се лишени 20 лица, а при извршените претреси се пронајдени и одземени тревкаста материја, бела прашкаста материја, грутчеста материја, гасен пиштол, муниција од различен калибар, поголема сума на девизни и денарски парични средства, патнички возила, мотоцикли, мобилни телефони, метална дробилка, метален детектор, ваги и др..

Единицата за насилен криминал, крвни деликти и недозволена трговија со оружје и опасни материи при ОСОСК по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, вчера до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против вкупно 21 лице, од кои против 20 лица од Прилеп и тоа, Н.В. (38), М.И. (35), Б.И. (62) и М.С. (29) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) и „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ, против М.С. (27), Д.К. (40), В.С. (40), А.Д. (29), Д.Ј. (35), Х.С. (28), Д.С. (19), Ф.З. (22), А.З. (25), В.Н. (22), А.М. (23), А.И. (20), В.А. (24), Д.Ѓ.(43), Р.С. (45) и Ј.Н. (44) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ (член 215 ст.3) од КЗ, како и против лицето Т.Д. (75) од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (член 273) од КЗ.

Во периодот од февруари 2026 до октомври 2026 година, Н.В. и М.С. создале организирана криминална група, со цел вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и економски криминал, во која членувале Д.К., В.С., А.Д., Д.Ј., Х.С., Д.С., Ф.З., А.З., В.Н., А.М., А.И., В.А., Д.Ѓ., М.И., Б.И., М.С., Р.С., Т.Д. и Ј.Н.. Дрогата (кокаин и марихуана) Н.В. ја купувал од НН лица по потекло од Албанија, Струга и Дебар и ја држел на безбедни локации во Скопје и Прилеп, по што ги организирал како мрежа на препродавачи Д.К., А.Д., Д.Ј., В.С., Д.С., А.З., А.М., А.И., В.А., Р.С. и Ј.Н., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино, Велес и Скопје, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале Н.В., кој им ја давал потребната количина.

Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на Н.В., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

Од МВР информираат дека М.С. ја купувал дрогата (кокаин и марихуана) од НН лица по потекло од Дебар и Гостивар и ја држел на безбедни локации во Прилеп, по што како мрежа на препродавачи ги организирал Д.К., Ф.З., Х.С., В.Н., А.М. и А.И., кои ја продавале дрогата, воспоставувајќи контакти со заинтересирани купувачи од Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино и Велес, со кои откако ќе се договореле за видот, количината и цената, го известувале М.С. кој им ја давал потребната количина. Дрогата ја продавале за сума од 500 до 800 денари за грам марихуана и од 4.000 до 6.000 денари за грам кокаин, а парите од продажбата му ги давале на М.С.., кој како награда им давал дел од парите, кои подоцна ги употребувале за купување на движен и недвижен имот.

Во временскиот период од 2025 до 2026 година Н.В., М.И., Б.И. (се наоѓа во притвор во Франција за кривично дело од чл.215 од КЗ), М.С. и Т.Д. прибавените парични средства за кои знаеле дека потекнуваат од извршување на кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, со намера да го прикријат понатамошното движење и локација на парите, истите ги внесувале во легалниот платен промет, откако претходно ќе ги примиле понатаму ги пуштале во оптек и тоа парични средства во вкупен износ од 4.990.270 денари и 64.670 евра.

Би можело да ве интересира

Сузбиена криминална група, кривична пријава за осуммина, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Не пријавиле даноци и присвоиле стока: Финансиска полиција поднесе кривична за штета од 12,6 милиони денари

Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

А1он