Кривична против командир од Куманово поради злоупотреба на службена положба

Од:

Командир на полициска станица во Куманово ја злоупотребил службената положба и овластување, и против него е поднесена кривична пријава.

Како што соопшти МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против З.С. вработен во Регионален центар Север на работно место Командир на Пoлициска станица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ казниво по член 353 став 2 в.в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот постапувајќи спротивно на подзаконски акт на МВР во текот на 2016 и 2017 година ја злоупотребил својата службена положба и овластување при што издал и потпишал 32 наредби за работа подолга од полното работно време со што овозможил на полициски службеници без основа да им се исплатат 416.557 денари за прекувремена работа со што директно го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он