Кривична против двајца скопјани поради „вршење на јавен превоз без лиценца“

Од:

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Ф.С., на возраст од 40 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Истовремено, пријава е проднсена и против 47-годишниот Д.А., исто така од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во „вршење на јавен превоз без лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– На 7 јули 2022, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“, кое го управувал Ф.С., а сопственост на Д.А., при што било констатирано дека од местото на сеча, извршиле превоз на огревно дрво до двајца купувачи, без поседување соодветна документација – лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешен патен сообраќај, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кривична за скопјанец – предизвикувајќи пожар го оштетил топловодот и конструкцијата на мостот „Беласица“

Горан Наумовски

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична