Кривична против двајца полицајци-примиле поткуп од 50 евра

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп” по член 357 од КЗ.

Имено, полициските службеници на 16.06.2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари. Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а истите ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

Полицајци обвинети за кражба на 36.000 евра при претрес на куќа

А1он

Насилник од Велес им избега на шест полицајци, иако еден од нив пукал во воздух за да го исплаши

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

Левица: Валканите полицајци кои не одговараат за Кочани регрутирани во изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Единаесет уапсени, од кои седум се полицајци, осомничени се за примање и давање поткуп

Горан Наумовски

Кривична за полицајците кои не му пишаа казна на братот на градоначалникот на општина Гази Баба

А1он