Кривична пријави и притвор за двајца битолчани што продавале хероин и марихуана

Од:

СВР-Битола поднесе кривична пријава против Ш.К. (41) и И.К.(37) и двајцата од Битола, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурзори“.

Портпаролот на СВР-Битола, Магдалена Димитровска соопшти дека пријавените континуирано подолг период заеднички неовластено набавувале наркотични дроги, хероин и марихуана и неовластено ги пуштале во промет и ги продавале на лица од Битола.

– По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници на СВР-Битола, на 15 март годинава, пријавените се затекнати и при личен преглед кај двајцата пронајдени се вкупно 7,5 грама прашкаста материја и 22 грама растителна материја за кои првично се смета дека се хероин и марихуана. Материјалот е доставен на вештачење во одделот за криминалистичка техника, истакна Димитровска.

Истражен судија на битолчаните Ш.К. и И.К. им одреди мерка притвор во траење до 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ