Кривична пријава за заменик командир и двајца полицијци од ПС Неготино

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Ж.Д.(31) заменик командир во Полициската станица Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против Г.Д.(42) и А.М.(34) полициски службеници од ПС Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што информира МВР, на 05.03.2015 година, во 8 часот Г.Д. и А.М. извршиле преглед над патничко возило „Форд“ при што констатирале дека било натоварено со бесправно исечена дрвна маса. За настанот го известиле дежурниот на Полициската станица, а веднаш потоа и заменик командирот кој пристигнал на местото на настанот и наредил да го пуштат лицето затоа што му бил роднина.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он